Командири и предни набљудувачи од командната батерија на артилерискиот баталјон, во улога на инструктори во период од 16 до 20 октомври во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, реализираа обука за интегрираниот систем за дигитално обележување на цели „АТЛАС“ со припадници од воздухопловната бригада (вбр).
Цел на обуката е оспособување на дел од персоналот на вбр кој воздухопловната бригада го има во својот формациски состав за ракување на овој систем.
Во теоретскиот дел кој се изведуваше во просториите на командата на артилерискиот баталјон, припадниците на вбр беа запознаени со главните делови и татктичко-техничките карактеристики на системот „АТЛАС“.
Во практичниот дел на полигонот за обука во касарната, се реализираше и практична работа за поставување на системот, подготовка за работа, одредување на сопствената локација, географска ориентација и одредување на поларни координати на цели на боиштето со помош на мерење на азимут и далечината до целите, кои со помош на системот „АТЛАС“ успешно може да се одредат на далечина и до 20 километри.
На овој начин се пренесуваат знаењата и проширува соработката на единиците на АРМ во ракување со специфични средства и системи со кои располагаат единиците.