Во период од 16.02.-20.02.2015 година во потчинетите единици на Здружената Оперативна Команда (во прва механизирана пешадиска бригада) се одржа обука на тема: „Архитектура и конфигурирање на Windows Server 2003 и основи на Microsoft Server 2008 R2“.
На активноста учествуваа припадници од потчинетите единици кои во иднина ќе бидат одговорни за работата на компјутерските мрежи во единиците.
Обуката беше реализирана од страна на предавачи од секцијата С-6 на која се реализираа теми преку кои слушателите се запознаа со техничките карактеристики и можности на Windows Server 2003 и Microsoft Server 2008 R2, практична инсталација и конфигурирање на програмите, заштита на информации при работа на серверите и практична работа на серверите со комјутерски конфигурации со оперативни системи Windows 7 и Windows XP.
Со стекнатите знаења од обуката слушателите се оспособија за конфигурација и оддржување на компјутерските мрежи.
Вакви и слични обуки со акцент на модерните и понапредни технологии и нивна имплементирање во работата за компјутерските мрежи се планирани за изведување во Здружената оперативна команда и потчинетите единици во периодот што следува.