Во периодот од 8 до 12.05.2017 година, во касарната „Илинден“, припадници од составот на баталјонот на воена полиција (бВП), реализираа обука „Увид на место на настанот“.
Оваа обука е дел од билатералната соработка помеѓу вооружените сили на САД и Армијата на Република Македонија.
Обуката беше реализирана од страна на инструкторски тим, раководен од мајор Џек Ленеман, припадници на Националната Гарда на Вермонт од составот на вооружените сили на САД.
На самиот почеток на обуката пред сите присутни, свое обраќање имаше командантот на бВП, потполковник Васко Коколански, кој им посака успешна реализација на обуката.
Целта на обуката е старешините од бВП, тимски да се извежбаат и обучат во тактики, техники и процедури во организирањето и планирањето кои се применуваат при изведување на увид.
Од обуката беа одработени неколку теми: „Увид на место на сообраќајна незгода“, „Увид на место по несреќа“, „Испрашување на осомничени лица, сведоци“, „Пишување на извештаи“, истите се реализираа теоретски и практично во просториите на бВП и на полигоните за обука во касарната „Илинден“, и претставуваа одлична можност за спојување на теоретските познавања со практична работа на терен.