Во рамки на редовните планови за обука на единиците на почеток на летниот период и зголемување на опасностите од избувнување на пожари во касарната „Чедо Филиповски-Даме“ во Кичево, припадниците од прв пешадиски баталјон (1.пб) од составот на прва пешадиска бригада (1.пбр), во соработка со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Кичево организираа и реализираа обука за противпожарна заштита.
Во текот на обуката од страна на професионалните пожарникари која се состоеше од теоретски и практичен дел, беа покажани и објаснети причините за настанување на пожарите, преземање на противпожарно – превентивните мерки и активностите кои треба да се превземаат при гасење на пожари со формациските средства со кои располага 1.пб.
При реализацијата на практичниот дел од обуката беше прикажана дел од противпожарната опрема која ја поседува ТППЕ во Кичево и беа демонстрирани нејзините можности. Воедно, од страна на професионалниот тим на ТППЕ беа демонстрирани постапки кои се превземаат за гаснење на пожар и тоа: подготовка и употреба на против пожарно возило за гаснење на пожар, употреба на заштитна опрема при гаснење на пожар и други процедури.
Во периодот кој следува ваква противпожарна обука во соработка со територијалните противпожарни единици ќе биде спроведена и во останатите единици од 1.пбр.
ГЃ/СН