Во периодот од 07.10 до 09.10.2025 година, припадниците на вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на првата пешадиска бригада (1.пбр), неуморно се подготвуваат за претстојното оценување за борбената подготвеност на единицата за извршување на задачи, кое ќе се реализира следната година.
Со цел подигнување на степенот на воено-стручна оспособеност и обученост на персоналот, реализираа ситуационо-тактички вежби (СТВ) со изведување на офанзивни, дефанзивни операции и операции за стабилизација и поддршка на мирот, во поширокиот реон на полигонот за обука „Пенуш“.









