Припадниците од водот за специјални намени (всн) од составот на воздухопловната бригада (вбр) во период од 20–26.02.2018 година реализираа обука во зимски услови на падините на Шар Планина. Обуката се реализира според годишниот план за обука на единицата.
Основната цел на обуката е оспособување на припадниците од составот на всн за мисии во зимски услови од доменот на пребарување и спасување (SAR- search and rescue), борбено пребарување и спасување (CSAR combat search and rescue) и истурени воздухопловни контролори (FAC – forward air controller). Дел од темите кои беа обработени во текот на обуката беа скијање, опрема потребна за извршување на мисиите, движење на скии, ставови за гаѓање на скии, марширање по екстремни патеки во снежни услови, работа и постапки на војниците на планина во зима при извршување на овие мисии, изработка на игло, организација на живот на планина во зима и други.
Планираните активности беа реализирани успешно и безбедно. За голем дел од персоналот ваквиот тип на обука е редовна активност која доста често се изведува, а актуелните временските услови овозможија пореално и попрактично изведување на обуката.