Во периодот од 01.09 до 26.09.2025 година, во касарна „Илинден“ во Скопје, согласно Планот за билатерална соработка со Обединетото Кралство (ОК) се реализираше обука на тема: „Обезбедување на високи воени раководители“ со припадници од баталјонот на Воена полиција.
Целта на обуката, која беше реализирана од страна на инструктори од ОК, беше да се унапреди синхронизацијата и координацијата помеѓу двете Армии, како и да се разменат искуства, вештини и знаења од воено полициската област.
Во рамки на обуката, на ден 25.09.2025 година, се реализираше посета од страна на Амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон и командантот на Команда за Операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
За време на посетата, пред присутните, беше реализиран тактичко-техничкиот приказ, како и методско показна вежба на тема: „Обезбедување на високи воени раководители“, на која беше прикажана интероперабилноста помеѓу двете единици на воена полиција при изведување на комплексни сценарија.
На крајот од обуката на учесниците на обуката им беа доделени сертификати.