Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со оддавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој „Боро Менков“ беше одбележан патронатот на касарната, односно 82 години од загинувањето на народниот херој Боро Менков во реонот на село Белановце.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков, чие име со гордост го носи касарната „Боро Менков“, пред присутните се обрати потполковник Шпејтим Черими.
На прославата цвеќе положија делегации од: Командата за операции предводена од командантот на КО, бригаден генерал Емини Бесник, од 1.пешадиска бригада, предводена од бригаден генерал Сашко Лафчиски и делегација од баталјонот за Борбено сервисна поддршка, предводена од потполковник Шпејтим Черими.