Денес во касарната „Народен Херој Мирче Ацев“ во Прилеп, со полагање на свежо цвеќе пред бистата беше одбележан патронатот и 81 годишнината од погибието на народниот херој Мирче Ацев.
Во касарната во Прилеп свежо цвеќе положија делегација од командата на 1. пешадиска бригада, артилерискиот баталјон, општината Прилеп, Сојузот на борците од Прилеп и од СОУ „Мирче Ацев“.
Пред присутните во касарната во Прилеп, за животот и делото на народниот херој Мирче Ацев, свое обраќање имаа Рубинчо Белчески, претседател на Сојузот на борци и продолжувачи на традициите на слободарското антифашистичко движење и нивното наследство и Советник кустос – историчар во Завод и музеј Прилеп и командантот на артилерискиот баталјон, потполковник Славчо Кузманоски. Потполковникот Кузмоноски истакна дека одбележувањето на патронатот ги зацврстува традициите со богатата македонска историја и дека припадниците на Армијата се должни да ги почитуваат делата и дадените животи на сите борци за слободна и независна држава.
СК/ГЃ/СН