Денес во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1.пешадиска бригада (1.пбр) традиционално го одбележаа 21 Мај, Денот на единицата која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.
Во текот на одбележувањето на денот, со пригодни говори и честитки за свеченоста, се обратија командантот на 1.пб потполковник Зоранче Ристовски и командантот на 1.пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски.
Командантите во своите говори се навратија на постигнатите резултати на единицата во изминатиот период и активностите кои претстојат во наредниот период.
Во пресрет на Денот на единицата, во соработка со Црвениот крст и Одделот за трансфузиологија, се реализираше крводарителска акција на која беа дарувани 97 крвни единици.
На Денот на единицата присуствуваа и команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на единицата, претставници од државната управа, јавните установи и служби, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.