Денес во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од Првиот пешадиски баталјон (1.пб), од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), го одбележаа 21 Мај – Денот на единицата, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред.
Во текот на одбележувањето на денот, со пригодни говори и честитки за свеченоста, се обратија командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски и командантот на 1.пб, потполковник Зоранче Ристовски.
Во пресрет на Денот на единицата, во соработка со Црвениот крст и Одделот за трансфузиологија, се реализираше крводарителска акција на која беа дарувани 96 крвни единици.
За најдобар вод во единицата беше прогласен водот за одржување од логистичката чета.
На Денот на единицата присуствуваа и команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на единицата, претставници од државната управа, јавните установи и служби, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата, како и правни и физички лица со кои единицата има соработка.
ГЃ/ДЧ