На ден 21.03.2019 година во гарнизоните: Куманово, Петровец, Скопје, Штип, Тетово, Кичево и Прилеп припадниците од Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите команди и единици традиционално го одбележаа „21 март – Денот на пролетта“.
Во еколошките активности беа засадени повеќе стотина зимзелени садници и други видови на цвеќиња на повеќе локации во касарните.
Традиционално, заштитата и унапредувањето на животната средина и природа во сите касарни каде се лоцирани единиците од составот на ЗОК се изведуваше и со чистење и средување на круговите на касарните и со засадување на садници.
На крај пораката за сите беше јасна „желба за почиста и поубава животна средина во касарните на Армијата“.
Во изминатите години припадниците на Армијата активно се вклучуваат во сите акции од доменот на екологијата и заштитата на животната средина. Со овие активности, а пред се со спроведувањето на еколошката акција, персоналот од ЗОК даде голем придонес во заштитата и унапредувањето на животната средина, со порака дека ваквите акции ќе продолжат да се спроведуваат и во иднина.
ЧС/БН