По повод одбележувањето на 23 години од трагично загинатиот Командант на Баталјонот на Воена полиција капетан 1 класа Љупчо Мирчовски денес (28-ми март 2024 година) пред Командата на Баталјонот на Воена полиција (бВП) во касарната „Илинден“ Скопје преку читање на биографија за трагично загинатиот припадник се изврши потсетување за делото и несебичната жртва што ја има посветено за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на татковината при конфликтот во 2001 година.
Свежо цвеќе и изразување на сочувство на семејството на загинатиот Командант пред спомен обележјето пред Командата на бВП положија претставници од Министерството за Одбрана (МО), претставници од Генералштабот на Армијата (ГШ), Команда за Операции (КО) на Армијата, Командантот на Командата за Обука и Доктрини (КОД), поранешни Команданти од бВП, Команданти на единиците кои гравитираат во гарнизонот Скопје (касарна „Илинден“- Скопје) и членови на семејството на загинатиот Командант.
Секогаш ќе се сеќаваме на неговиот придонес кој го имаше во Воената полиција и никогаш нема да биде заборавен и со гордост ќе се сеќаваме на неговиот лик и дело и секогаш ќе се гордееме што бевме негови соработници – беше истакнато на денешното одбележување.