На ден 05.03.2026 година, делегација од вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на првата пешадиска бригада (1.пбр), присуствуваше на одбележување на 25 годишнината од загинувањето на капетан Кирчо Димитриов,
Делегацијата, предводена од командантот на 2.пб, потполковник Зоран Сумрачки, положи свежо цвеќе на спомен-бистата во Виница, оддавајќи почит кон ликот и делото на капетанот. Во рамки на активностите беше реализиран и Меморијална крводарителска акција организирана во негова чест на која дваесет припадници од 2.пб доброволно даруваа крв, потврдувајќи ја хуманоста и општествената одговорност на припадниците на 1.пбр.
По повод успешната соработка помеѓу Општина Виница, 2.пб и Армијата, на командантот на вториот пешадиски баталјон му беше врачена благодарница како израз на признание за досегашната поддршка и заедничка соработка.








