Во базата „Ново Село“ во Република Бугарија, во која се наоѓа шестата ротација на македонскиот контингент кој е во состав на Мултинационалната борбена група на НАТО во мисијата „FLF“ (Forward Land Forces), се одржа свеченост по повод „18 Август – Денот на Армијата“.
На свеченоста присуствуваше командантот на Мултинационалната борбена група на НАТО во мисијата „FLF“ во Република Бугарија, полковник Матиа Широко, како и офицерите од штабот на Мултинационалната борбена група.
Свеченоста започна со интонирање на македонската химна и химната на Армијата. Потоа свечен говор одржа најстариот национален претставник, мајор Горѓе Николов, како и командантот на Мултинационалната борбена група на НАТО во мисијата “FLF” во Република Бугарија, полковник Матиа Широко.