Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод одбележувањето на „15. Октомври – денот на баталјонот за Воздушно Набљудување и Јавување (бВНЈ)“ од составот на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ).
На воената свеченост со пригоден говор покрај командантот на бВНЈ, мајор Кемал Џафери, се обрати и командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски кој го истакна значењето на бВНЈ за контрола на воздушниот простор, од каде се врши координација за мисијата (Air Policing) од страна на НАТО Алијансата. Исто така истакна дека сите претходни генерации на бВНЈ имаат вложено огромен личен и професионален ангажман во формирањето и развојот на воздушното набљудување во изминатиот период и на припадниците на баталјонот им порача не само да ги чуваат тие вредности, туку и континуирано да ги усовршуваат и надградуваат и тоа да претставува постојана обврска.
Пред стројот се прочитаа честитките од началникот на Генералштабот на Армијата и командантот на Командата за операции кои беа упатени до припадниците на баталјонот, а беа доделени и стимулативни мерки по повод денот на единицата.