По повод „21-ви Октомври“ Денот на Баталјонот за врски, во касарната „Илинден“- Скопје, се одржа воена свеченост, со почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19.
На свеченоста присуствуваа командантот на Команда за операции (КО), генерал-мајор Павле Арсоски, претставници од Генералштабот на Армијата, команданти од единиците на Армијата, поранешни команданти на баталјонот за врски, претставници од локални самоуправи, како и претставници од фирми соработници на единицата.
Во своето обраќање, генерал-мајор Павле Арсоски истакна дека припадниците на баталјонот за врски се врвни професионалци и оваа исклучително одговорна работа ја извршуваат во крајно сложени услови, се со цел непречено функционирање на системот за командување и контрола на командите и единиците во Армијата.
Во својот говор командантот на баталјонот за врски потполковник Илија Дамчевски меѓу другото истакна дека баталјонот за врски е исклучително важна компонента од армиската формација, каде согласно мисијата ги поставува, одржува и реализира стационарните и мобилните врски, односно врши нивна интеграција во глобален интеграциски систем на Армијата, неопходен за процесот на командување и контрола во мирновремени и воени услови.
По повод Денот на единицата, беше реализирана крводарителна акција во ГОБ „8ми Септември“ на која учество земаа голем број на припадници на единицата.
На свеченоста беа прочитани и доделени стимулативни мерки, а воедно беа прикажани и дел од системите за врски со кои располага баталјонот за врски, кои заедно со високо стручно и професионално изградени старешини и цивилни лица успешно ја извршуваат својата мисија.
Денес, во современите услови на живеење владеењето со информацијата е од непроценливо значење и од таму баталјонот за врски живее и работи под мотото ИНФОРМАЦИЈАТА Е МОЌ.
ДД/НЈ/ОЈ