Денес, 13 ноември (среда) 2013 година со почеток во 11,00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод Денот на инженеријата. На свеченоста присуствуваа Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски, Директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, Командантот на 1 мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, поранешни припадници на единицата и други високи гости.
На свеченоста пред присутните се обрати командантот на 1.мпбр бригаден-генерал Павле Арсоски кој истакна дека е горд што е командант на ваква единица и очекува дека е задоволен од се она што досега е сработено и од успесите кои ги постигна инженерискиот баталјон и дека очекува да продолжат со извршување на своите задачи и тоа уште поквалитетно.
На крајот на свеченоста беше организиран тактичко-технички збор со приказ на вооружувањето и техниката кои се во формацискиот состав на единицата.