Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на ПВО, против воздушната одбрана.
На свеченоста присуствуваше командантот на воздухопловната бригада, полковник Роберт Малезански, Заменикот на прва механизирана пешадиска бригада, началници на секции и команданти на потчинетите единици на вбр, бивши Команданти и бивши припадници на бПВО и други гости.
Командантот на бПВО, потполковник Зоран Цикарски во обраќањето пред присутните ги истакна постигнатите резултати и успеси во текот на 2018 и 2019 година, со нагласување на меѓународната воена вежба „Брз одговор 2019“ во Р. Словенија каде што припадниците на бПВО со својот труд, професионален однос, лојалност и одговорност при извршување на поставените задачи, постигнаа резултати за почит.
Командантот на вбр, во своето обраќање им го честита денот на единицата на сите припадници на бПВО и истакна дека во досегашниот период со успешност ги извршуваат сите задачи за што имаат добиено бројни признанија, бПВО успешно се справи со организација и реализацијата на вежбите од серијата „Предизвик“, а декларираниот вод на бПВО кој е во состав на СПБГ успешно ги реализира сите национални и НАТО оценување.
Пред стројот беше прочитана честитка од Началникот на Генералштабот, Командантот на ЗОК, Командантот на вбр, до припадниците на бПВО, како и доделување на стимулативни мерки по повод денот на единицата. Воедно беше прогласена 2 (втора) ракетна батерија а најдобрата единица од составот на бПВО.