По повод 25-годишнината од хеликоптерската несреќа на Попова Шапка, на 17 март 2026 година припадниците на воздухопловниот ВИНГ оддадоа почит на пв1к Драганчо Илиевски (Чонто), кој го загуби својот живот во овој трагичен настан.
Церемонијата започна со едноминутно молчење, по што следеше полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето од страна на припадници од воздухопловниот ВИНГ и семејството на загинатиот.
Пред командата на Хеликоптерскиот сквадрон, во негова чест, беше одржан пригоден говор, а припадниците на единицата со почит се присетуваа на неговата храброст и посветеност на воената служба.
Овој трагичен настан е потсетник на храброста и посветеноста на членовите на воздухопловниот ВИНГ, како и на вечниот спомен на оние кои го жртвувале својот живот за благосостојбата на државата.








