Денес во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Мирче Ацев“ во Прилеп, со полагање на свежо цвеќе беа одбележани патронатите и 79 годишнината од погибието на народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев.
Во касарната во Петровец свежо цвеќе положија делегации од Командата за операции, командата на 1. пешадиска бригада, командата на воздухопловниот ВИНГ и претставници од општина Кавадарци и Музејот на Кавадарци, а во касарната во Прилеп свежо цвеќе положија делегации од Командата за операции, 1.пешадиска бригада, артилерискиот баталјон, општина Прилеп, Сојузот на борците од Прилеп и од СОУ ,,Мирче Ацев“ од Прилеп.
Пред присутните во касарната во Петровец за животот и делото на народниот херој Страшо Пинџур говореше претставничката на музејот од Кавадарци, додека пак на одбележувањето на патронатот на касарната во Прилеп, за животот и делото на народниот херој Мирче Ацев, свое обраќање имаше командантот на артилерискиот баталјон, потполковник Славчо Кузманоски, кој истакна дека одбележувањето на патронатот ги зацврстува традициите со богатата македонска историја и дека припадниците на Армијата се должни да ги почитуваат делата и дадените животи на сите борци за слободна и независна држава.
ГЃ/ЧС