Денес во касарната во Штип, со полагање на свeжо цвеќе пред бистата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, од страна на делегации на Здружената оперативна команда (ЗОК), 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб), градоначалници од зоната на одговорност на 2.мпб, како и од претставници на здруженија од градот Штип, беше одбележан патрониот празник на касарната „Јане Сандански“.
По повод патрониот празник, свое обраќање имаше командантот на 2.мпб потполковникот Горан Петрушевски, кој меѓу другото истакна: „Како припадници на 2.мпб горди сме што нашата касарна го носи името на големиот македонски револуционер – Јане Сандански, неговиот идеал за создавање на самостојна, независна, слободна држава на Македонскиот народ е наша стварност, но и света обврска да ја сочуваме крваво стекната слобода и државност“.
По свеченото постројување на единицата и пригодниот говори, за присутните гости беше организиран и тактичко технички збор на кој беше презентирана дел од опремата и оружјето на 2.мпб.
Одбележувањето на патрониот ден во касарната во Штип, со свои настапи го збогатија и учениците од СМУ „Сергеј Михајлов“ и ОУ „ Тошо Арсов“- Штип.