Во чест на навршување на 24-годишнината од смртта на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски денес, 30 мај, во касарната ,,Илинден”, заеднички со семејството на капетанот Зоран Бубевски, многубројни пријатели, припадници на Баталјонот за врски и претставници на командите на единиците во касарна ,,Илинден”- Скопје, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето.
Во говорот пред присутните беше истакнато неговото животно дело, посветеноста и храброста, за што е посмртно одликуван со ,,Медал за храброст” од страна на претседателот на Република Северна Македонија.
Присутните му оддадоа почит. Неговата жртва и дело никогаш нема да бидат заборавени. Капетан Зоран Бубевски засекогаш ќе го паметиме како херој, кој го даде животот за нешто поголемо од себе.