Од 18 до 20 февруари во просториите на Командата за операции во Куманово, со претставници од потчинетите команди и единици на Генералштабот и Командата за операции, се одржа втората работилница за организација и подготовка на меѓународната вежба „Immediate response 25“.
Вежбата годинава од 25 мај до 9 јуни ќе се реализира во Република Северна Македонија, а на неа ќе учествуваат над 2000 припадници од САД, Грција, Австрија, Италија, Албанија, Црна Гора и Косово.
Како дел од вежбите „Defender 25“, оваа вежба би се искористила за подготовка на целите на способност на Армијата со учество на Лесната пешадиска баталјонска група, како декларирана единица во НАТО.