На ден 12 ноември 2013 година, во официјална посета на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, претстојуваше НАТО советодавниот тим, Скопје, предводени од полковникот Александар Александров.
За време на посетата НАТО советодавниот тим беше пречекан од Заменикот на командантот на 1.мпбр, полковник Велин Стојановски и претставници од секциите од штабот на бригадата. Од страна на бригадата беше одржан брифинг и тимот беше запознаен со мисијата и основните задачи, структурата и пополнетоста со персонал, а воедно беа дискутирани и процедурите за помош на другите безбедносни и цивилни стуктури во случај на потреба и идните предизвици кои се поставуваат пред бригадата. НАТО тимот пред претставниците од 1.мпбр ги презентираше мисијата, структурата на тимот како и задачите кои ги извршува тимот: советување, поддршка , репрезентација на НАТО и асистенција во изработката на сите клучни документи од областа на одбраната.
Во продолжение на посетата НАТО советодавниот тим ги обиколија просториите на НАТО штабот кој е стациониран во Петровец и од страна на четата АБХО им беше презентирана методско нагледна вежба „Земање на примерок КОЛПРО“.
На крајот од посетата претставниците од НАТО советодавниот тим упатија пофални зборови за бригадата со порака да се продолжи според трасираниот пат за давањето на придонесот на АРМ и Република Македонија за што побрзо добивање на членство во НАТО.