Во касарната „Илинден“ во Скопје, согласност планот за билатерална соработка за 2023 година, одбранбеното аташе од вооружените сили на Обединетото Кралство потполковник Метју Вокер оствари официјална посета со командантот на баталјонот Воена полиција (бВП), потполковник Неџати Голак. Целта на оваа посета е продлабочување на соработката на тактичко ниво.
За време на посетата се разговараше за можностите за идна соработка во делот на функционалноста на бВП, периодично воспоставување на работни посети на клучниот персонал како и воено-полициска обука на селективни теми со нагласок на тактичко-техничките процедури при воспоставување на нарушен јавен ред и мир како и реализација на заеднички вежби согласност пропишаните стандардни оперативни процедури за Воена полиција.
На посетата беа разменети искуства и предлози за понатамошно дополнително развивање и унапредување на заеднички активности помеѓу вооружените сили на Обединетото Кралство и бВП.
ФМ/ЧС