Во изминатиот период, согласно Планот и програмата за основна обука со професионални војници, се реализираше основно стручно-специјалистичка обука со новопримените професионални војници во Армијата, од родот Оклопно механизирани единици (ОМE), во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.
Стручно-специјалистичката обуката се реализираше во три етапи и тоа: теоретски дел, стручен – практичен дел и завршен дел.
Во теоретскиот дел професионалните војниците беа запознаени со намената и борбените особини и правилно ракување и користење на оружјето, кое се користи во ОМЕ во нашата Армија.
Главниот акцент беше ставен на практичниот дел, каде што професионалните војници се оспособуваа за правилно поставување и симнување на вооружувањето од борбените возила како и правилно нишанење.
Стручно специјалистичка обука од родот ОМЕ беше заокружена со спроведено тестирање: писмен и практичен дел – гаѓање, каде што војниците покажаа врвни резултати.
По завршетокот на стручно-специјалистичката обука новопримените професионални војници застана во строј со нивните постари колеги, професионалци од родот ОМЕ.
ЈВ/ГЃ/ЧС/БН