На ден 19 Ноември (вторник) 2013 година во касарната „Чеде Филипоски-Даме“, Кичево во време од 10.00 до 14.00 часот, согласно Планот за Цивилно Воена Соработка со населението и организациите кои гравитираат во градот Кичево и афирмативно презентирање на капацитетите и активностите кои се реализираат во АРМ се организира „отворен ден“, изложба на воена опрема и техника со кои располагаат единиците на гарнизон Кичево при што беше презентирано пешадиското вооружување, средства за врски, борбените и неборбените м/в, артилериско вооружување и кујна авто приколка.
На активноста присуствуваа претставници од локалната власт, основните и средните училишта од градот Кичево, јавните претпријатија, локалните медиуми, фирми и други владини, невладини и хуманитарни организаци од градот Кичево со цел АРМ да стане подостапна за цивилното население, како и популаризација кај младата популација.