Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на патрониот празник на истоимениот Народен Херој од НОБ Страшо Пинџур. На овој ден се одбележува јубилеј 81 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур, кој е еден од првите борци кои го добиле тоа одликување на 29 јули во далечната 1945 година. Неговиот животен пат поминува низ бурни револуционерни времиња, на кој со гордост се присетуваме, а неговите исклучителни дела ќе останат запаметени во нашите сеќавања.
Со положување на свежо цвеќе пред бистата почит оддадоа делегации на: Командата за Операции, Командата на 1.пешадиска бригада, Командата на Воздухопловен ВИНГ, претставници на општина Кавадарци и Музеј на град Кавадарци.
Во продолжение претставник на Музеј на град Кавадарци имаше излагање, историски час за животот и делото на херојот од НОБ – Страшо Пинџур.