По повод дваесет и три години од загинувањето на припадниците на безбедносните сили од гарнизонот Тетово во конфликтот во 2001 година, во касарната „Народен херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово се реализираше одбележување на помен на загинатите и се положи свежо цвеќе пред спомен-плочата која е поставена во нивна чест пред командата на гарнизонот Тетово.
Припадниците на Армијата од гарнизонот Тетово, достојно оддадоа почит кон ликот и делото на загинатите, постар водник 1 класа Исак Руфати и војниците Николче Китанов, Блашко Толев, Влатко Миленковски, Благоја Сиљановски и Пеце Матичевски, а командантот на гарнизонот Тетово, потполковник Томица Ристоски одржа пригоден говор.
Во својот говор им оддаде почит на припадниците кои ги положиле своите животи за одбрана на својата татковина и истакна дека наша обврска е да се потсетуваме на нивната пожртвуваност, храброст и патриотизам.
На одбележувањето присуствуваа делегација од командата на гарнизонот Тетово, делегација од командата на Првата пешадиска бригада, Сојузот на борци – Тетово, Сојузот на борци – Гостивар, ОРОМ Тетово, Сојузот на воени инвалиди и Одборот на бранители – Тетово.
ГЃ/СН