Денес, во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон (тб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата, одбележаа 20 години од загинувањето на своите припадници во конфликтот во 2001 година.
Денот на загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џељадиновски беше одбележан со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата, поставена во кругот на касарната „Чојлија“ од страна на делегација на 1. пешадиска бригада предводена од командантот на бригада, полковник Сашко Лафчиски, тенковскиот баталјон и семејствата на загинатите.
Заменикот на командантот на тенковскиот баталјон, мајор Лупчо Јордановски, во својот говор меѓудругото истакна дека поменот за загинатите припадници претставува обврска која припадниците на тенковскиот баталјон и Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги, кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Исто така рече дека се горди што во своите редови имаат храбри и доследни колеги и соборци, на кои што вечно ќе се сеќаваат.
ГЃ/ЧС