Во посета на Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше делегација од вооружените сили на Унгарија во придружба на одбранбеното аташе на Република Унгарија во Република Северна Македонија полковник Хари Заблок и аташето за МВР господин Роберт Егри. Истата беше пречекана од страна на командантот на 1.пбр, полковник Бесник Емини со дел од старешините на командата и штабот на 1.пбр.
Во рамки на посетата во командата на 1.пбр, се реализира брифинг за единицата со кој гостите се запознаа со историјата, мисијата на единицата, организациско-формациската структура, опремата, локацијата на потчинетите единици, терените за обука, како и активностите на единицата за наредниот период и идната трансформација на бригадата согласно НАТО стандардите.
По брифингот за 1.пбр гостите имаа презентација за искуствата со мигрантската криза со дискусија за оваа проблематика и искуствата што ги има нашата земја и Унгарија во справување со мигрантите.
Делегација по посетата на командата и штабот на 1.пбр, замина во обиколка на јужната граница во поширокиот реон на Гевгелија. Притоа беше посетен транзитниот прифатен центар ,,Винојуг“ во Гевгелија и караулата „Богородица“, каде беше реализиран брифинг за состојбата на ангажираните единици од составот на 1.пбр, како дел од Армијата ангажирани на јужната граница за поддршка на МВР во справување со мигрантската криза.
ГЃ/ЧС