На ден 30.05.2019 година во посета на баталјонот на Воена Полиција беа акредитираните воени аташеа во Република Северна Македонија. Обиколката од воените аташеа е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на воени аташеа акредитирани во земјава. Активностите од програмата за посета беа реализирани на полигонот „Стенковец“.
Оваа активност беше реализирана низ повеќе работни точки. Посетата започна со информативен брифинг за единицата, продолжи со тактичко технички збор на дел од опремата која што ја поседува единицата, реализација на методско показна вежба „Обезбедување на висок воен раководител (ВВР)“ и заврши со натпревар во стрелаштво со полуавтоматски пиштол ЧЗ 75 9 мм.
Оваа посета претставуваше одлична можност за афирмација на единицата со високо ниво на професионализам, обученост и вештини како и за можни заеднички активности поврзани со заеднички настапи на вежбовни активности.
ВС/БН/КН/ЧС/БН