Во посета на баталјонот за врски беше началникот на Г-6 на Европската команда на армијата на САД бригаден генерал Џон Филипс и високи преставници на Армијата. Истите беа пречекани од страна на командантот на баталјонот за врски потполковник Илија Дамчевски. Потполковник Дамчески во своето излагање пред присутните истакна дека баталјонот за врски е исклучително важна компонента од формацијата на Армијата и согласно мисијата ги поставува, одржува и реализира стационарните и мобилните врски, односно врши нивна интеграција во глобалниот комуникациски систем на Армијата неопходен за процесот на командување и комуникација во мирновремени и воени услови.
Пред присутните беше организирана презентација која ја опфати интеграцијата на мобилниот дел на комуникациско информатичкиот систем со Глобалниот Комуникациски Информатички Систем на Армијата и интероперабилноста на системите и уредите за врски од најнова технологија ИСВ-4 (Интегриран Систем за врски) во баталјонот за врски и единиците на Армијата, кој заедно со високо стручно и професионално изградени старешини и цивилни лица значи успешно извршување на мисијата на единицата.
Целта на посетата на баталјонот на врски од страна на високите преставници е запознавање со можностите кои ги нуди европската Команда на Армијата на САД преку „Околината за заедничко партиципирање во мисии“ и размена на искуства во организација на транс-континенталните комуникации, интероперабилност и фрекфентен менаџмент.
Денес, во современите услови на живеење владеењето со информациите е од непроценливо значење. Отаму баталјонот за врски живее и работи под мотото „ИНФОРМАЦИЈАТА Е МОЌ“
ДД/ЧС/НЈ