Висока воена делегација од Службата на Воена Полиција од Република Бугарија, предводена од директорот на службата, бригаден генерал Ивајло Сотиров, во период од 15 до 17.11.2021 година, го посети баталјонот на Воена полиција .
Оваа активност претставува континуитет на веќе воспоставената соработка помеѓу баталјонот на Воена полиција и Службата на Воена полиција.
За време на посетата беше остварена средба со командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини.
Тема на разговорите беше продлабочување на воспоставената соработка со цел развој на капацитетите на единиците од двете земји, продолжување на заедничката обука и вежби, како и размена на научени лекции и искуства.