Врз основа на Спогодбата за соработка помеѓу Министерството за одбрана и Државниот универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје, денеска, студенти од Правниот факултет остварија студиска посета на баталјонот на Воена полиција.
Студентите од насоката криминалистика, под менторство на проф. д-р. Мухамет Рацај имаа можност практично да ги надградат своите теоретски знаења. При посетата, припадниците на баталјонот на Воена полиција (бВП) и Извидувачко-разузнавачкиот баталјон (ИРб) ги запознаа со намената и борбените особини, проследено со настава за гаѓање за вооружувањето што овие единици го имаат во својата оперативна употреба.
Покрај тактичко-техничкиот збор, на кој беше презентирано вооружувањето и опремата, студентите се запознаа и со техниките и тактиките кои се користат при увид на местото на настан. За таа цел, припадници од баталјонот на Воена полиција реализираа показна вежба, при што студентите ја проследија методологијата на изведување форензички активности од страна на припадниците на бВП.
Ваквиот вид на соработка претставува значаен придонес кон унапредување и зајакнување на цивилно-воената соработка помеѓу Армијата и образовните институции во државата.








