На ден 30.12.2013 година (понеделник) во касарната „Јане Сандански”-Штип со почеток во 12.30 часот во рамките на цивилно воената соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и цивилните структури во зоната на одговорност се реализира традиционална новогодишна средба помеѓу припадниците на АРМ од касарната „Јане Сандански” со градоначалникот на Општина Штип.
Средбата беше во согласност со планот за цивилно воена соработка со локалните сомоуправи во Република Македонија, а на посетата со градоначалникот господинот Илчо Захариев се разгледа остварената соработка во текот на 2013 година, а воедно состанокот се искористи и за доделување на скромни подароци на припадниците од Армијата на Република Македонија кои ќе бидат на должност за време на прославата на Нова година односно 31.12.2013 година и продлабочување на соработката за прашања од доменот на цивилно воената соработка.
На средбата беше искажано задоволството за соработката која градоначалникот ја добива од АРМ и нагласи дека истата ќе продолжи и во наредниот период.