Денес во касарната „Чојлија“, во посета на припадниците на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) беше командантот на Националната гарда на Вермонт генерал- мајор Грегори Најт.
Генералот Најт беше пречекан од страна на командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини, началникот на штаб во КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, заменик на командантот на 1.пбр, полковник Стеван Наумоски и командантот на инжб, потполковник Илчо Заковски.
Пред командантот на Националната гарда на Вермонт беше реализиран брифинг за мисијата на единицата, формациската поставеност, можностите и капацитетите, опремата со која располага и процесот на модернизација.
Припадниците од инжб во рамките на посетата реализираа тактичка вежба на тема: ,,Употреба на борбена инженерија во извршување на наменска задача“, со која персоналот демонстрираше висока професионалност и обученост за извршување на доделената задача со употреба на моторизираното оклопно мобилно возило за пронаоѓање на мини и детектирање метал, ХАСКИ (Husky VMMD – Vehicle-Mounted Mine Detection).
ГЃ/ЧС