Делегација од воени аташеи акредитирани во Република Македонија (резидентни и нерезидентни) од повеќе земји беше во работна посета на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во касарната во Петровец и прифатно-транзитниот камп за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија.
Посетата е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на воени аташеа во Република Македонија.
Воените аташеи имаа можност преку презентација да се запознаат со структурата, мисијата и задачите, идните предизвици но и за останати прашања за кои гостите искажаа интерес, а се во надлежност на 1.мпбр.
По завршетокот на посетата на 1.мпбр воените аташеа го посетија прифатно-транзитниот камп за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија и караулата „Богородица“ каде беше презентирана мисијата на Силите за задача југ, а воедно се запознаа со начинот на работа и постапките на армиските сили во справувањето со мигрантите.
Оваа работна средба претставува одлична можност припадниците на 1.мпбр да ги разменат своите искуства со претставниците на странски армии стекнати во меѓународните мисии и справувањето со мигрантската криза.