Делегација, предводена од одбранбеното аташе на Соединетите Американски Држави (САД) во Република Македонија, полковник Томас Батлер, реализира работна посета на тенковскиот баталјон.
Целта на посетата беше ретроспектива на досегашната соработка која ја имаат вооружените сили на САД со единиците на АРМ (школувања, обуки и опрема) и разгледување на можностите за идна соработка.
Од страна на Армијата на Република Македонија присуствуваа претставници од 1.мпбр и тб.
За време на посетата делегацијата се запозна со улогата, задачите и мисијата на тенковскиот баталјон, при што претставниците од Амбасадата на САД извршија разговор со персоналот од командата на тенковскиот баталјон.
Посетата заврши со реализација на презентација на опремата на тенковскиот баталјон која е донирана од страна на САД.