Во периодот од 28 до 31. октомври 2014 година тим од европската команда на вооружените сили на САД (USEUCOM) реализираше посета на дел од првопотчинетите единици од Здружената оперативна команда (ЗОК).
На 28-ми октомври тимот престојуваше во инженерискиот баталјон (инжб) и четата за АБХО од составот на 1. механизирана пешадиска бригада при што им се презентираа можностите и декларираните капацитети за поддршка на цивилните структури при справување со несреќи во неконтаминиран и контаминиран простор како и можности за поддршка на операции со импровизирани експлозивни направи (EOD) изработени со НХБ материи.
На ден 29.10.2014 година во воздухопловната бригада (вбр) претставниците од Европската команда на ВС на САД се запознаа со можностите за поддршка на цивилните структури со транспорт при елементарни несреќи и кризни ситуации, можности за справување со пожари и начин на ангажирање на воздухопловните капацитети на вбр при несреќи и катастрофи.
На ден 31.10.2014 година во воено медицинскиот центар (ВМЦ) од составот на бригадата за логистичка поддршка тимот се запозна со можностите и капацитетите на ВМЦ и лесната маневарска болница за справување со последиците од елементарни несреќи и кризни ситуации.
Цел на посетата е согледување на можностите и декларираните капацитети за поддршка на цивилните структури при транспорт при елементарни несреќи и кризни ситуации и во справување со профилација на НХБ материјали.