Денес 06.10.2016 година во работна посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната во Петровец беше делегација од воени аташеи акредитирани во Република Македонија (резидентни и нерезидентни) од повеќе земји.
Воените аташеи имаа можност преку презентација да се запознаат со структурата, мисијата и задачите, идните предизвици но и за останати прашања за кои гостите искажаа интерес.
По завршетокот на презентацијата воените аташеи имаа можност да присуствуваат на тактичко технички дисплеј на опрема и средства кои ги поседува вбр во својот состав. При што беше одржана кратка презентација за секое средство посебно за намена и тактичко технички карактеристики.
Посетата е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република Македонија со Асоцијацијата на воени аташеи во Република Македонија.