Децата од Општинска Детска Градинка „Срничка“, клон „Изворче“, Општина Аеродром беа во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Страшо Пинџур“, Петровец .
Младите посетители имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и нивната секојдневна работата.
На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови ,во кои тие имаа можност да влезат и да почувствуаат како е да си пилот.
Покрај разгледување на воздухопловите имаа можност да постават и прашања на присутните пилоти и техничкиот персонал.
Ваквиот вид на активности од делот на цивилно воената соработка продолжуваат и во понатамошниот период и со останатите образовни институции од Република Македонија.