Согласно планот за билатерална соработка помеѓу Франција и Република Македонија, на ден 15.09.2016 година Аташето за одбрана при Амбасадата на Франција во Република Македонија – потполковник Александер Ноер ја посети воздухопловната бригада.
Аташето за одбрана на Франција за време на посетата истакна три проекти од областа на воздухопловството за можна соработка со вооружените сили на Франција, и тоа:
- “Користење на АП Криволак од страна на воздухопловните сили на Франција“,
- “Надзор на воздушниот простор и остварување на суверенитетот и противвоздушна одбрана“ и
- “Презентација на можностите на повеќенаменскиот воздухоплов F2000XLS“.
За време на посетата учествуваа и старешини од командата и потчинетите единици на вбр, и истите се запознаа со изнесените идеи и можности од страна на Аташето за одбрана на Франција кои се однесуваа за француската воена индустрија. Во текот на дискусијата се разменија мислења и искуства од областа на надзорот на воздушниот простор и неговиот суверенитет, операции со борбени и транспортни хеликоптери и можностите на повеќенаменскиот воздухоплов F2000XLS. Исто така се разговараше и за можно планирање на обука во Франција за споменатите области во периодот кој следува.
Оваа посета е во рамките на подготовката на планот за билатерална Француско – Македонска соработка за 2017 година.