Ученици од основното училиште „11 Октомври“ од Скопје беа во посета на воздухопловниот ВИНГ.
Во рамките на посетата, учениците извршија обиколка на хеликоптерскиот сквадрон и сквадронот за обука и тренинг каде имаа можност да ги запознаат средствата со кои се извршуваат работните задачи, како и предизвиците на професиите воен пилот, инженер и техничари кои се грижат за исправноста на воздухопловите.
Дел од воздухопловните инженери, пилотите и техничарите одговараа на прашањата за кои учениците пројавија интерес.