На ден 25.04.2023 година, остварена е посета на сквадронот за Обука и Тренинг од составот на воздухопловниот ВИНГ, од страна на министерот за одбрана на Романија, г-дин Ангел Тилвар, кој беше пречекан од заменик Командантот на воздухопловниот ВИНГ, потполковник Игор Чкоров и Командантот на сквадронот за Обука и Тренинг, потполковник Слободан Иванов.
Во рамките на посетата, потполковникот Слободан Иванов пред министерот за одбрана на Романија, г-дин Ангел Тилвар, реализира кратка презентација за улогата на единицата во составот на воздухопловниот ВИНГ, можностите и капацитетите, опремата со која располага како и кратка обиколка на просториите на сквадронот за Обука и Тренинг.