Во сквадронот за обука и тренинг од составот на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), се одржа состанок помеѓу командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и заменикот на командантот на вВИНГ, потполковник Игор Чкоров со претставници од наменската индустрија од Република Туркије.
За време на состанокот со претставниците на фирмите од наменската индустрија: CMC Holding и ATC Group, се разговараше за можностите за воспоставување на можна соработка, при што од нивна страна се презентираа нивните капацитети со кои може да се подобри функционирањето на вВИНГ.
Претходно пред делегацијата се изврши презентација за мисијата и задачите опремата, улогата на воздухопловниот ВИНГ во одбранбената структура и запознавање со капацитетите на баталјонот за обука и тренинг.