Делегација од Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) од повеќе земји акредитирани во Република Северна Македонија (резидентни и нерезидентни) на ден 20.02.2024 година оствари посета на вВИНГ.
По средбата со командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски и клучниот персонал од командата, пред делегацијата од Асоцијацијата на одбранбени аташеи се презентираше мисијата, задачите, структурата, тековните активности во единицата, како и понатамошните планови за развој и модернизација на воздухопловите.
Присутните воедно имаа можност да го посетат и Центарот за обука на пилоти и да се запознаат со средствата и опремата изложени на техничкиот збор.