Во Здружената оперативна команда (ЗОК) на Армијата на Република Македонија се реализира посета од страна на тим од канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Република Македонија.
За време на посетата, претставниците од канцеларијата за врски на НАТО во Скопје остварија работна средба со командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, при што беа запознаени со мисијата, структурата, капацитетите и можностите на ЗОК.
Во текот на посетата, тимот од канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, составен од претставници од Бугарија, Албанија, Италија и Грција, искажаа благодарност за приемот во командата на ЗОК. Целта на ваквите посети е споделување на искуства со цел давање на поддршка на Армијата на Република Македонија во изработка на стратегиските документи, како и процесот на трансформација на АРМ. Исто така, во изминатите денови пред тимот беше извршена презентација и запознавање со мисијата и задачите за време на посетата на баталјонот за врски.
На крајот од посетата, двете страни искажаа подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката, во остварувањето на аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО и ЕУ.
ЧС/НЈ/ПА