Денес во касарната „Чолија“ со воена свеченост се изврши прием на должноста командант на тенковски баталјон (тб), од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр). Должноста командант на тб ја прими потполковник Дејанчо Глически.
На денешната свеченост присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски, началници на секции од командата на 1.пбр, команданти на единици од составот на 1.пбр и останати гости.
Со свои говори на свеченоста се обратија командантот на 1.пбр, кој се наврати на досегашните активности кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки на новопоставениот командант, додека потполковник Дејанчо Глически се заблагодари за довербата која му е доверена на биде командант на оваа единица и истакна дека крајно совесно и посветено ќе одговори на предизвиците и поставените задачи.
Свеченоста заврши со свечен чин на прием на военото знаме на единицата.
ГЃ